Пред почетокот на сезоната Лејкерс важеше за еден од фаворитите за освојување на титулата, но во реалноста тие имаа сезона за заборав.
Леброн Џејмс не настапи на овој дуел, од клупата мораше да ги следи неговите соиграчи како се мачат во уште еден дуел и на крајот со наведната глава го напуштаат паркетот.
Најдобар во составот на Лејкерс беше Расел Вестбрук со 28 поени, а на теренот број еден беше Букер со 32 поени, одличен беше и Ајтон со 22 поени и 13 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=NxDj30c6PwA autoplay:0]
Резултати:
Индијана – Филаделфија 122:131
Орландо – Кливленд 120:115
Бруклин – Хјустон 118:105
Мајами – Шарлот 144:115
Торонто – Атланта 118:108
Чикаго – Милвоки 106:127
Минесота – Вашингтон 114:132
Оклахома – Портланд 98:94
Денвер – Сан Антонио 97:116
Јута – Мемфис 121:115
Сакраменто – Њу Орлеанс 109:123
Феникс – ЛА Лејкерс 121:110






