вторник, 31 март 2026

Лего фигури од Зеленски и молотови коктели собрале над 16 илјади долари помош за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ситизен Брик кон крајот на минатата недела објави дека ќе лансира уникатна минифигура од украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со печатени молотови коктели – а целиот приход ќе биде дониран за жртвите во Украина.

Купувачите имале можност да ги купат минифигурите молотов коктел за 10 долари и минифигурата на претседателот Володимир Зеленски за 100 долари.

„Како што можеби забележавте, минифигурите се распродадоа речиси веднаш“, напиша Ситизен Брик на Инстаграм. „Направивме што е можно повеќе за луди 24 [часа], а екипата на Ситизен Брик дојде и на слободен ден да печати. Знаеме дека некои се обидоа да купат и не успеаја. Се надеваме дека ќе размислат да направат директна донација на релевантната добротворна организација“.

Целата сума сега е донирана на Дајрект релиф, добротворна организација која е специјализирана за обезбедување итна медицинска помош ширум светот. Во текот на изминатите шест месеци, организацијата вели дека донирала 26 милиони долари медицинска помош за Украина и во моментов работи со украинското Министерство за здравство за да обезбеди материјали, вклучително и пакети за итна медицинска помош.

Групата Лего одговори на руската инвазија на Украина на неколку начини, вклучително и запирање на испораката до продавниците на своите руски брендови, наводно советувајќи го својот персонал во Русија да избегнува да присуствува на протести против војната и донирајќи 12,3 милиони фунти помош преку Лего Фондацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ