понеделник, 8 декември 2025

Леброн Џејмс се качи на второто место на вечната листа за најдобри стрелци во НБА

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Лејкерс загуби со 127-119 на гостувањето кај Вашингтон, но Леброн Џејмс беше во центарот на вниманието на овој натпревар.
 
Кралот беше и најдобар на теренот, натпреварот го заврши со 38 поени и 10 скокови, најдобар кај Вашингтон беше Порзингис со 27 поени.
 
Леброн го помина Карл Мелоун и изби на второто место на вечната листа на стрелци во НБА, тој сега има 36,929 поени, засега далеку на врвот е Карим Абдул-Џабар со 38,387 поени, но и оваа бројка не е недостижна. 

 
 
Резултати:
 
Минесота – Милвоки 138:119
Шарлот – Далас 129:109
Кливленд – Детроит 113:109
Вашингтон – ЛА Лејкерс 127:119
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ