понеделник, 22 декември 2025

Лажни полицајци на автопат претепале фудбалер на Лацио и му го украле автомобилот

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во четвртокот вечерта кога Моро со својот татко се возел по автопат во близина на Рим. Лажни полицајци ги запреле, фудбалерот кој возел Мерцедес А класа застанал, не ни помислувал дека може да ги снајде тоа што се случило.
 
Биле попречени и од уште еден автомобил. А потоа насилно биле извлечени од автомобилот, натепани, а каредците со Мерцедесот заминале во непознат правец.
 
Моро и татко му завршиле во болница, но немале потешки повреди освен модринки. Полицијата го истражува случајот.
 
Овој фудбалер во Лацио дојде од школата на Барселона, „Ла Масија“ и оваа сезона има 18 одиграни натпревари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ