Иако неговите усни се движат синхронизирано со тонот, главата на Зеленски изгледа изместено, а гласот не звучи како неговиот, вели Би-би-си.
Снимка од лажното видео претходно во текот на денот се појави на веб-страницата на украинскиот ТВ-канал „Украина 24“, а текстот на пораката беше накратко емитуван и на ТВ.
Украина 24 во соопштението рече дека нејзината веб-страница и телоп биле хакирани. Веб-страницата во моментов е недостапна.
Зеленски во видео објавено на Инстаграм ја отфрли снимката како лажна, велејќи дека тој „може само да предложи руските војници да го положат оружјето и да си одат дома“.
Видеоклипот најверојатно е направен со помош на технологијата за модифицирање видеоснимки – обично заменувајќи го лицето на една личност со друга.
Ако тоа се потврди, менуваниот клип на Зеленски ќе биде првата таква снимка, популарно наречена „дипфејк“, во оваа војна.






