Во интервју за италијанската телевизија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нападна Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „фактот дека тој е Евреин не ги негира нацистичките елементи во неговата земја“.
„Верувам дека и Адолф Хитлер имал еврејска крв во себе“, додаде Лавров.
„Зеленски може да се залага за мир ако на своите нацистички сили престане да им дава наредби што се граничат со криминал“, додаде рускиот министер за надворешни работи.






