„Секогаш мораме да ги памтиме историските лекции. Дотолку повеќе што тие славни страници од нашата историја сега на Западот се обидуваат да ги искинат, да го пречкртаат сето она што е направено. Се обидуваат едноставно да ги изедначат победниците на нацизмот со злосторниците, а од нас да направат главни виновници за таа војна, да го засилат пројавувањето на нацизмот во современа Европа“, кажа Лавров за време на церемонијата на положување цвеќе на спомен-плочата посветена на одбележувањето на Денот на победата.
Според него, против Русија и Русите е почната „пропагандна војна“, која претставува манифестирање расизам и дискриминација доведени до апсурд.






