Актуелната ситуација ја нарече „санкционирано беззаконие“.
„Ни објавија вистинска хибридна војна, тотална војна. Тој термин, кој го користеше хитлеровската Германија, сега го користат и европските политичари“, рече Лавров на седницата на Фондот за поддршка на јавната дипломатија Горчаков.
Според него, претставниците на западните земји не кријат дека сакаат „да ја разурнат, скршат, уништат, задушат руската економија“.
Тој истакна дека вредностите што западните земји „постојано ги проповедаа се – безвредни“.






