Говорејќи во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека претседателот Владимир Путин им наредил на војниците да ја прекинат воената акција за време на првиот круг од преговорите меѓу руските и украинските преговарачи, но ставот на Москва оттогаш се променил.
Тој рече дека не гледа причина за прекин на разговорите со Украина, но инсистираше на тоа дека Москва нема да ја прекине својата воена операција кога страните повторно ќе се сретнат.
„Откако се уверивме дека Украинците не планираат да возвратат, донесена е одлука дека во текот на следните рунди преговори нема да има пауза (во воената акција) се додека не се постигне конечен договор“, рече рускиот министер за надворешни работи, пренесе Ројтерс.
Украина и Русија досега имаа неколку рунди преговори, почнувајќи од Белорусија и неодамна одржани во Истанбул, Турција. Сепак, сè уште не постигнале договор за прекин на огнот или повлекување.






