четврток, 1 јануари 2026

Лавров: Ризикот од нуклеарна војна е сериозен и реален

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е нашата клучна позиција, на која ги базираме сите наши одлуки. Ризиците сега се значајни. Не сакаме вештачки да ги креваме тие ризици, а многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна и реална, не смееме да ја потцениме“, кажа Лавров.

Конфликтот во Украина ќе заврши со договор, но содржината на договорот ќе зависи од воената ситуација, додаде Лавров.

Тој во интервјуто за руската државна телевизија кажа дека Киев „само глуми преговори“.

Рускиот министер за надворешни работи кажа дека преговорите на Русија и Украина „не одат никаде“ бидејќи Москва не добила одговор од Киев на својот последен предлог. Деталите од предлогот на се објавени.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш би требало неделава да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а и со Лавров.

Гутереш претходно треба да се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ