„Ќе користиме само конвенционално оружје“, рече Лавров. Тој зборуваше за втората фаза од инвазијата. „Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција“, рече Лавров.
Украински и западни претставници, како и експерти и аналитичари веќе изјавија дека Москва започнала офанзива во источна Украина, а тоа денеска го потврди и Лавров.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков кон крајот на март изјави дека Русија во никој случај нема да користи нуклеарно оружје во Украина.






