„Ако продолжи (пумпањето на Украина со оружје), се разбира, преговорите тешко дека ќе имаат некаков резултат, но повторувам уште еднаш, ние сме посветени на решение преку преговори, посветени сме и на прекини на огнот, кои секојдневно ги спроведуваме, прогласувајќи хуманитарни коридори“, рече Лавров.
„Иако Киев првично покажа подготвеност да преговара откако Русија ја почна својата голема воена операција во Украина кон крајот на февруари, нивното последователно однесување сугерираше дека не се толку заинтересирани за разговори“, Лавров.
„Но односот на украинската делегација на разговорите, односот на самиот претседател Зеленски, одбивајќи да потврдат дека ги добиле нашите нови предлози пред една недела, јас зборував за ова повеќе пати, тоа, се разбира, е разочарувачко“, продолжи дипломатот.






