На лабуристичката партија неколку фактори за време на изборната кампања во саботата ѝ одеа во прилог: силната економија и управувањето со кризата со ковид-19, при што владата несебично им помагаше на компаниите и на потрошувачите.
„Индикаторите јасно покажуваат дека Лабуристичката партија освои големо мнозинство. Ние сме повеќе од почестени од резултатот“, рече премиерот и лидер на лабуристите Роберт Абел.
„Малта ни даде силен мандат“, рече потпретседателот на партијата Даниел Микалеф.
На последниот изборен митинг Абел ги повика приврзаниците „да му веруваат“ за „да продолжи да ги менува работите“.
Сместена недалеку од Сицилија, Малта е најмалата и најгусто населената членка на Европската унија со околу 516.000 жители на 316 km².
Поранешната британска колонија со католичко население изгради економија базирана на туризам, на офшор компании и онлајн игри, но е придружена со обвинувања дека е даночен рај.
Минатата година ГАФИ (Група за финансиска акција) ја впиша Малта на „сивата листа“ на земји под зголемена контрола поради изложеност на перење пари и финансирање тероризам.
Малта беше критикувана и поради системот на „златни пасоши“, кој им дава државјанство на богатите инвеститори. Под политички притисок, Абела ја откажа програмата за Русите и Белорусите по руската инвазија на Украина.






