среда, 10 декември 2025

Кузеска: Мицкоски ги крши здравствените протоколи и треба за тоа да одговара

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференцијата во СДСМ, партиската портпаролка рече дека партијата на Мицкоски, додека наутро преку соопштенија бара онлајн настава, тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните.

„Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните. Тоа е лицемерието, неодговорноста и самобендисаноста на Мицкоски. Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето. Ете колку не им тежи зборот.“, рече Кузеска. 

Таа постави прашање –  дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е во кафана, а потоа заклучи дека кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност.

„Очекуваме надлежните институции да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски. Тоа е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно. Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани каде беше фатен дека ги прекршува протоколите. Повеќе од јасно е зошто од Мицкоски не слушнавме осуда за охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, нодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните. Тоа е една иста матрица и едно исто непочитивање ниту на законите, ниту на граѓаните. Тоа е Христијан Мицкоски, човек кој лаже и се однесува лицемерно“, изјави портпаролката на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ