За време на посетата на основно училиште во Приштина, тој кажа дека разговор за ова прашање не било можно со претходната влада на Црна Гора, која ја опиша како „влада со проруски елементи“.
„Се надеваме дека Црна Гора наскоро ќе има нова влада, со која ќе можеме да разговараме, да се позанимаваме и со ова прашање, за разлика од претходната влада која, освен Белград, имаше проруски елементи внатре и нормално немаше услови за таков договор“, кажа Курти.
Најави можност за одржување заедничка седница и со владата на Црна Гора, како што беа одржани со владите на Албанија и на Македонија.






