Косовскиот премиер Аљбин Курти истакна дека „Косово се обврза да го направи првиот чекор кон пристапување во НАТО“.
Курти вчера во интервју за Франс прес кажа дека ЕУ и НАТО по руската интервенција во Украина би требало да го олеснат приемот на кандидати и дека е императив Брисел да го преиспита новиот начин на проширување на Западниот Балкан поради, како што наведе, опасноста која за регионот, а особено за Косово, „ја претставуваат рускиот претседател Владимир Путин и блиските односи на Русија со Србија“.
Тој ги повика ЕУ и НАТО да го зајакнат источниот блок на Западниот Балкан, овозможувајќи му побрзо придружување.






