понеделник, 29 декември 2025

КСС: Oва е синдикална пролет, борбата за работничките права е секојдневна

Објавено на

часот

Сподели

По повод 1 Мај – Ден на трудот, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)
порачува дека работникот е обесправен, потценет, понижен.

„Оваа синдикална пролет ќе ја одбележи тринеделниот штрајк кој го започнаа просветните работници кои се во полн ек во својата борба да го вратат изгубеното достоинство кое го изгубија попат низ годините. Работниците нема веќе да бидат со наведнати глави и на сите прекршувања на законите да молчат! Но, синдикалното организирање уште еднаш покажа дека води кон резултати! И уште е најдобриот начин за унапредување на своите права преку синдикално здружување и синдикално делување! Затоа на овој меѓународен ден на трудот им порачуваме на сите работници да се обединат, затоа што кога се заедно и обединети можат да си ги унапредат своите права без разлика дали се во приватен или јавен сектор“, велат од КСС и им порачуваат на работодавачите и високите политички елити дека работникот во Македонија ќе ги почитува онолку колку што тие го почитуваат работникот!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ