Од КСС бараат бодот да се зголеми на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати.
„Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот“, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.
Синдикатот ги повика пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници. За нив се работи за манипулативен закон со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор за околу 100 до 200 денари.
За КСС, е неприфатлив предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ. КСС го поддржува генералниот штрајк на СОНК.






