„Станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство. Тоа се првите сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме наскоро да се заокружи целиот процес и да имаме детални информации за случајот“, изјави вчера министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Повредените и убиените се роднини, а мотивот за најпрво вербалната расправија, била изградбата на куќа.
Повреден бил и осомничениот за двојното убиство, најверојатно од огнено оружје.
Жителите на ова село раскажале дека подолг период имало нетрпеливост меѓу братучедите и дека убиените живееле во Швајцарија и Германија, а во Македонија биле дојдени за новогодишните празници.






