понеделник, 22 декември 2025

Кривична против полицаец за малтретирање при вршење служба

Објавено на

часот

Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Ф.М., вработен во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ