Тој додаде дека тука не станува збор за тоа дека се разбира и простува таквата постапка, туку дека мора да се разбере, како што наведе, таа тешка ситуација, тој невиден притисок и принудата на русофобија.
„Сето тоа го доживуваат земјите кои се обидуваат да заземат некоја избалансирана позиција. Ние тоа го разбираме“, им кажа Песков на новинарите.
Како што пренесува Танјуг, претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија сакал да биде воздржана за време на гласањето, но дека се соочила со големи притисоци. Додаваат дека официјален Белград претходно го поддржа територијалниот интегритет на сите земји, вклучувајќи ја Украина, но Србија не се придружи на западните санкции против Русија.
Генералното собрание на ОН ја суспендира во четвртокот Русија од Советот за човекови права поради извештаите за наводни „груби и систематски кршења и злоупотреби на човековите права“ со инвазијата на Украина.
Потегот наметнат од страна на Соединетите Американски Држави доби поддршка од 93 земји, 24 земји гласаа против, а 58 беа воздржани. За суспензијата на Русија од Советот на ОН за човекови права кој има 47 членки, беше потребно двотретинско мнозинство, а оние кои не сакаа да се изјаснат не се сметаат.
Русија претходно ги предупреди земјите дека гласањето за суспензија и воздржаноста ќе ги сметаат за „непријателски гест“ кој ќе има последици на билатералните односи.






