вторник, 31 март 2026

Кремљ: Русија и САД мора да разговараат, тоа е важно за светот

Објавено на

часот

Сподели

Дијалогот е „неопходен“ и покрај тоа што „личните навреди“ на Бајден кон Путин имаат „негативно влијание“ врз билатералните односи, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руската новинска агенција Интерфакс.

„Ова не е само во интерес на двете земји, туку и на целиот свет“, рече тој, додавајќи дека порано или подоцна Москва и Вашингтон ќе мора да разговараат за прашањата како што се стратегиската стабилност и безбедност.

Бајден во саботата во Варшава рече дека Путин „не смее да остане на власт“.

Таа реченица, која ја немало во текстот на говорот, ја поттикна Белата куќа веднаш да се обиде да ја минимизира нејзината важност и посочи дека тоа не е повик за соборување на шефот на Кремљ.

Некои експерти и лидери на сојузничките земји на САД оценија дека изјавата е во спротивност со напорите на западните земји да не даваат повод за руска ескалација во војната што Москва ја води во Украина.

„Не се извинувам“, рече Бајден. „Само го изразив мојот гнев: тој не треба да остане на власт, исто како што злите луѓе не треба да продолжат да прават лоши работи, но тоа не значи дека ние суштински ја менуваме политиката“, рече Бајден во понеделникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ