Израел го критикуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за коментарот, опишувајќи го како „непростлива“ лага што ги потценува ужасите на нацистичкиот холокауст.
Бенет во четвртокот рече дека Путин се извинил за забелешката и дека тој го прифатил извинувањето и „му се заблагодари што го разјасни својот став за еврејскиот народ и сеќавањето на холокаустот”.
Русија по разговорот соопшти само дека тие разговарале за холокаустот, но не и дека Путин се извинил.






