вторник, 31 март 2026

Кремљ: Крим е дел од Русија и не е предмет на преговори, како ни Донбас

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека Крим, регионот анектиран од Русија во 2014 година, е „дел од Русија“ и дека рускиот устав оневозможува да се разговара за судбината на кој било руски регион со кого било.

И рускиот преговарач Владимир Медински, по вчерашните разговори во Истанбул, на кои Русија рече дека ќе се повлече од Киев и Чернихов, истакна дека разговорите со Украина продолжуваат, но дека ставот на Русија за Крим и за регионот Донбас не е променет.

Русија го анектира Крим од Украина во 2014 година, додека делови од источните региони Доњецк и Луганск – колективно познати како Донбас – ги држат сепаратистите поддржани од Русија.

Но Медински рече дека Украина изразила подготвеност да ги исполни основните барања на Русија. Тој рече дека ако се држи до своите ветувања, тогаш „заканата од упориште на НАТО“ во Украина ќе биде отстранета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ