вторник, 31 март 2026

Кремљ: Ќе користиме нуклеарно оружје само ако нашето постоење биде загрозено

Објавено на

часот

Сподели

Песков истакна дека никој не мислел дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе потрае само неколку дена и дека целата кампања сè уште се планира. На прашањето за нуклеарното оружје, кое постојано се поставува од почетокот на руската инвазија, Песков одговори дека Русија ќе го користи само ако биде загрозено нејзиното постоење.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец кажа дека наредил руските нуклеарни сили да се стават во состојба на висока готовност. Во согласност со наредбата, руското министерство за одбрана соопшти на 28 февруари дека нејзините нуклеарни ракетни сили и Северната и Пацифичката флота се ставено во засилено борбено дежурство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ