вторник, 31 март 2026

Кремљ ја отфрли одлуката на Меѓународниот суд на правдата да ги запре воените акции во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да ја земеме во предвид таа одлука“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков нагласувајќи дека двете страни, и Русија и Украина, мора да се согласат на прекин на непријателствата за да може да се спроведе пресудата.

Песков го повтори ставот на Москва од писмениот поднесок дека МСП нема јурисдикција бидејќи барањето на Киев е надвор од опсегот на Конвенцијата за геноцид на ОН од 1948 година на која тој го заснова случајот.

„Во меѓународниот суд постои такво нешто како согласност на страните. Во овој случај, нема никаква согласност“, им рече Песков на новинарите.

Постапката пред МСП беше покрената од Украина на 26 февруари, два дена по почетокот на рускиот напад, барајќи од судот да ѝ нареди на Москва да ја запре инвазијата. Киев во средата ја поздрави одлуката на судот како „победа на правдата и победа на Украина“.

МСП е основан во 1946 година за да решава спорови меѓу државите. Неговите одлуки се обврзувачки и не може да се обжалат, но судот не може да присили одлуките да се почитуваат.

Русија ги бојкотираше рочиштата на 7 и 8 март, и во писмен поднесок ја отфрли надлежноста на судот. Во тој документ тврди и дека инвазијата ја врши заради самоодбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ