среда, 1 април 2026

Кремљ: Имаме значителни загуби на војници во Украина, тоа е огромна трагедија за нас (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Скај њуз тој призна дека руските „загуби на војници се значителни“ во оваа војна и дека тоа е „огромна трагедија“ за Русија.

Тој рече дека историјата на Украина се променила во 2014 година за време на, како што го нарече, „нелегален пуч“.

„Украина стана антируска, сè што потоа се случи во Украина беше насочено против нашата земја“, рече Песков, додавајќи дека Русија „со децении е загрижена за сопствената безбедност“.

Запрашан од новинарот дали војната се покажала како понижување за Русија со оглед на бројот на загинатите војници, тој рече: „Не, тоа е погрешна слика за тоа што се случува“.

Но веднаш потоа призна: „Имаме значителна загуба на војници. Тоа е огромна трагедија за нас“.

Песков рече дека Русија се надева дека „оваа операција“ ќе ги постигне своите цели „во наредниве денови“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=hTkOVNnN9tk autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ