вторник, 31 март 2026

Кремљ: Американски претседател фрли атомска бомба на веќе поразена земја

Објавено на

часот

Сподели

Тој повторно се осврна на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден, кој Путин го нарече „воен злосторник“.

„Нашиот претседател е многу мудар, далековид и културен меѓународен лидер и шеф на Руската Федерација. Ваквите изјави на господинот Бајден се апсолутно недозволиви, неприфатливи, непростливи“, кажа Песков.

Тој истакна дека Бајден е лидер на државата која со години бомбардира луѓе низ светот, и дека нема право да изнесува такви обвинувања.

„Кој фрли атомска бомба на земја која веќе беше поразена и која немаше апсолутно никаква смисла – мислам на Хирошима и Нагасаки. Претседател на таква земја воопшто нема право на такви зборови. Тоа е нашето длабоко уверување“, кажа Песков.

Тој ја коментираше и изјавата на Путин за самопрочистување на народот.

„Во вака тешки времиња многу луѓе ја покажуваат својата суштина. И многу луѓе се откриваат како предавници. Тие сами исчезнуваат од нашите животи, некој ги напушта своите позиции, некој работата, некој ја напушта земјата и преоѓа во други држави. Така се случува чистењето. Некој го крши законот и за тоа е казнет во согласност со судските одлуки“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ