недела, 21 декември 2025

Ковачевски во НАТО: На украинскиот народ му треба помош од демократскиот свет

Објавено на

часот

Сподели

„Сите НАТО-сојузници се обединети, ќе ја пружаме нашата поддршка до сите слободни луѓе во Украина, ќе останеме обединети. Северна Македонија како земја членка веќе е усогласена со надворешната политика на ЕУ, а ги усогласи и сите свои одлуки со членки на НАТО и ЕУ за да се одврати Путиновата Русија од напад врз Украина. Веруваме дека мирно решение е единствениот пат“, изјави Ковачевски.

Тој уште кажа дека Македонија веќе има понудено соодветна помош на украинскиот народ, а сега е време, како што нагласи и самиот, кога народот на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.

Како што кажа во изјавата, Македонија е подготвена да ги прими сите бегалци коишто ќе дојдат и ќе побараат засолниште во нашата држава.

Како што најави генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера, се очекува денеска да се донесе одлука за испраќање дополнителни борбени трупи во четири источноевропски земји. Се очекуваат и разговори за дополнително зголемување на буџетот за одбрана на земјите членки на НАТО, кои истовремено се соочуваат со драстичен раст на цените на енергијата и секојдневните основни производи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ