вторник, 17 февруари 2026

Ковачевски: На чекор сме до просечна плата од 30.000 денари

Објавено на

часот

Сподели

Според него, мерките за раст на плати и добрите економски политки, овозможија и во услови на двегодишна пандемија платите континуирано да растат.

„Остануваме посветени на растот на прходите и поддршка на сите граѓани. Покрај платите растат и пензиите, а обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза. Преку 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои значат повеќе приходи и полесно пребродување на економските предизвици со кои се соочуваме,“ напиша Ковачевски на Фејсбук.

Според податоците на Државниот завод за статистика кои беа објавени денеска, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока отколку во истиот месец лани. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ