
Обвинувањата од Ковачев дојдоа по вчерашната изјава на Петков дека „местото на Република Северна Македонија е во ЕУ, колку може побрзо, а бугарската Влада е ангажирана да се постигне таа цел, колку може поекспедитивно“. Според Петков, со македонскиот премиер Димитар Ковачевски работат координирано и имаат поставено неколку етапни цели кои треба да се постигнат, вклучително и заштита на правата на малцинствата.
„За каква експедитивност од бугарска страна зборува Петков? За какви малцинства зборува тој човек? Какви меморандуми ќе потпишува?Каков напредок има Историската комисија? Министерството за надворешни работи учествува ли во преговорите или е изолирано? Кој воопшто преговара?“, прашува Ковачев.
За Ковачев изјавите на Петков се само празни приказни, а, како што вели, „овој човек може да направи огромна штета на нашата татковина за многу долго време„.
„Не треба да го дозволиме тоа предавство“, додава тој.
Ковачев обвинува дека „во Скопје станале многу дрски, бидејќи Петков ги уверил дека ќе ги пушти“.






