На подрачјето на Подуево, Лепоосавиќ, Зубин Поток кон Србија, како и Витина и Гњилане кон Македонија, косовската полиција спроведува акција за „спречување и сузбивање на шверц и други криминални појави“, јави Приштина.
На алтернативните патишта се поставени препреки од земја или се ископани непроодни канали.
Како што се наведува во соопштението, полициската акција е насочена кон сузбивање и спречување на шверц, одржување на редот, мирот и јавната безбедност и спроведување на законите.
„Полицијата со своите релевантни единици вклучени во оваа полициска операција ги презема неопходните превентивни мерки за спречување на користењето на нелегалните патишта од страна на осомничените, кои користеле различни средства за употреба на нелегалните патишта на граничните зони кои го поврзуваат Косово со Србија и со Македонија, за вршење криминални и шверцерски дејства“, се наведува во соопштението.






