среда, 10 декември 2025

Коронавирусот е меѓу нас, вакцината е најдобрата превенција, порача Комисијата за заразни болести

Објавено на

часот

Сподели

На денешната средба на Комисијата за заразни болести беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутираше во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините, соопшти Комисијата.

Во соопштението, во кое се вели дека вирусот е присутен и дека како најдобра превенција останува вакцинацијата, Комисијата за заразни болести нагласува дека во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и со ситуацијата во европските земји, ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба.

„Доколку постои можност Комисијата ќе предлага постепено релаксирање на мерките“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ