сабота, 6 декември 2025

Корча домаќин на настан за презентација на носии на македонското, влашкото и ромското малцинство

Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“ од  Корча денеска го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во регионот на Корча“.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот е поддржан од Комитетот за национални малцинства, орган на Aлбанската влада, што го сочинуваат претставници на деветте малцинства признати во оваа земја.

„На овој посебен настан ќе бидат презентирани традиционалните носии на трите заедници, изработени со голема посветеност и љубов кон културното наследство, од познатата костимографка Лирика Појани од Корча. Исто така, ќе биде промовирана и информативна брошура, посветена на историјата, значењето и идентитетот на овие носии, чиј автор е Васил Стерјовски“, информираа од друштвото.

Настанот ќе се одржи во  Библиотеката „Битолски конгрес“ при Педагошки факултет во  Корча, со почеток во 11 часот.

„Поканети и добредојдени се сите, заедно да ја одбележиме разноликоста и убавината на нашето културно наследство“, посочуваат од друштвото „Сонце“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ