сабота, 28 март 2026

Контроли на МВР и ДПИ во казина и кафеани во Скопје, изречени педесетина казни

На 27 и на 28 март 2026 во периодот од 20 часот до три часот по полноќ, на подрачјата на општините Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и казина и презеле повеќе мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, на подрачјето на општина Карпош биле извршени контроли во шест угостителски објекти, две казина и други објекти и притоа од слобода било лишено едно лице за поседување дрога, три биле приведени за утврдување на идентитет, била преземена една мерка по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, биле преземени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.

Додека, пак на подрачјето на општина Кисела Вода, се додава во соопштението, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли во седум казина и седум угостителски објекти. Во шест казина констатирани биле прекршоци од Законот за пушење, Законот за лична карта како и Законот за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, додека кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време.

За сите прекршоци изречени се соодветни санкции, наведуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ