недела, 8 февруари 2026

Комисијата за спречување на дискриминација утврдила дека Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО

Објавено на

часот

Сподели

До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска.

„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум.

Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица. 

Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.

Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.
Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ