Независен колектив од Бугарија кој се бави со воени конфликти, карти и извештаи од воените случувања на Твитер објави карта на која најдобро се гледа колку Русија напредувала со својата инвазија на Украина.
Подрачјата обоени со црвено покажуваат кои делови на Украина во моментов се под руска контрола.
?The Ukrainian territories currently occupied by Russian forces. pic.twitter.com/NTYw8jcoct
— DRM Journal (@remilitari) February 24, 2022
Русија нападна од три клучни насоки: од исток низ бунтовничките покраини, кои Русија веќе делумно ги контролираше, од југ преку полуостровот Крим, кој го зазеде уште во 2014 година, и од север, односно од белоруска територија.
Засега најважна е битката околу Киев, каде што руските сили се обидуваат да освојат најмалку два аеродроми, односно две воздухопловни бази, што би им отворило пат за напади на главниот град на Украина.
На картата не е прикажан неодамна заземениот дел на југоистокот на земјата, од Крим до Мариупол.






