„Тие мал број домаќинства трошат толку многу електрична енергија, што е далеку од логиката тие да бидат семејни потрошувачи. Врз основа на сегашниот тарифен систем, категоријата семејство вклучува и центри за социјална грижа, училишта и студентски домови за ученици и студенти, кујни во училиштата, хидрофори за вода за пиење, џамии и цркви кои вршат верски ритуали, лифтови во колективни станови и слично. Го поставуваме прашањето до РКЕ и до министерот, дали потрошувачи од оваа категорија трошат струја во овие големи количини? Но и покрај овие факти, бидејќи овие потрошувачи трошат големи количества електрична енергија, а ние сме во време кога е прогласена енергетска криза, зошто за оваа група потрошувачи од домаќинствата не видовте за потребно да интервенирате со владина одлука или со нов нормативен акт во постојниот тарифен систем, каде што јасно ќе се санкционира дека без оглед на тоа што потрошувачот припаѓа на категоријата потрошувачка ‘домаќинство’, доколку истата месечно надминува количина на потрошувачка на електрична енергија од на пример 10.000 kWh, тогаш цената на ова потрошено количество треба да биде повисока од онаа што ја плаќаат вистинските потрошувачи во домаќинствата“, рече Азири.
Пратеникот рече дека Алијанса за Албанците предлага да се создаде нова подгрупа во категоријата потрошувачка на домаќинствата, или примена на тарифата за потрошувачка со степен (ниво).
Азири потсети и на соопштение на претседателот на РКЕ, дека се преземаат чекори за промена на тарифниот систем (модел), како и дека голем број големи корисници кои се обврзани според важечката регулатива, да се снабдат со електрична енергија во либерализираниот пазар, ги користат празнините во законот и формираат нови фирми за да се снабдуваат со електрична енергија на универзалниот снабдувач по тарифа за индустриска потрошувачка.
„За подостапни информации за јавноста, овие големи потрошувачи од 2014 до 2021 година имаа корист и се снабдуваа на либерализираниот пазар на електрична енергија каде цените беа речиси 40% – 50% пониски од цените што ги нуди универзалниот снабдувач, а сега кога цените во либерализираниот пазарот се многукратно повисоки од она што го нуди универзалниот снабдувач, истите сега наоѓаат ‘законски дупки’ и се враќаат да се снабдуваат од универзалниот добавувач. Од ова констатација на РКЕ, излегува дека овие големи компании се фаворизирани во случајот со снабдување со електрична енергија, во зависност од тоа во кој пазар (либерализиран или универзален) е најниската цена и од таму да се снабдат“, рече Азири.
Тој ги повика и претседател на РКЕ и самата институција да се изјаснат дали чувствуваат вина од професионален аспект што се дозволи ситуација која големите компании вешто ја искористија.
Според Алијанса за Албанците, нанесена е огромна штета на буџетот затоа што се плаќа помалку ДДВ, бидејќи „иако даночната стапка е 18% во двете опции, истото се пресметува во вкупниот финансиски трошок, колку поголем, толку поголемо ДДВ и обратно“.
Азири илустрираше со еден пример:
„Претпоставуваме дека еден потрошувач за еден месец потрошил 100.000Kwh
На пазар со универзален снабдувач
100.000 kWh * 11,41 = 1.141.000,00
ДДВ 18 % = 205.380,00
На либерализиранот пазар (снабдување и дистрибуција)
100.000 kWh * 23,00 = 2.300.000,00
ДДВ18 % = 414.000,00
Значи само за 100.000 kWh во државниот буџет овие компании користејќи ги овие законски пропусти создаваат финансиска штета на име на ДДВ во износ од 208.620,00 денари.
Природно се поставуваат прашањата:
Дали УЈП (Управа за јавни приходи) е известена за овие активности на големите компании и дали има финансиски и правни контроли врз нив?
Какво е влијанието на оваа потрошена количина на електрична енергија од овие потрошувачи врз степенот на одредување на крајната цена на електричната енергија?
Дали потрошената електрична енергија од овие потрошувачи ќе влијае на поскапувањето на струјата по 30 јуни“?
Пратеникот на Алијанса за Албанците рече дека партијата дава бесплатен совет за подготовка на промените на тарифниот систем (модел), со цел потрошувачите кои ги исполнуваат условите да влезат на либерализираниот пазар за снабдување со струја, и тоа да се докаже според напонската линија на мерното место на потрошувачка на електрична енергија (35 kV, 10 kV или 0,4 прв степен), а не врз основа на критериумите што се применуваат во моментот, оној на годишните приходи и бројот на вработени што ги има таа компанија.
„Со овој критериум, односно со идентификацијата според напонската линија на мерното место на потрошувачка на електрична енергија, на големите компании им се одзема можноста да ги користат досегашните законски празнини, бидејќи независно од економската и финансиската солвентност на новоформираната компанија, клучен фактор за тоа дали некоја компанија треба да се снабдува на либерализираниот пазар или не, ќе биде напонската линија на мерното место, со која еднаш засекогаш ова прашање ќе биде затворено и нема да има простор за манипулации. Но, оваа ваша неодговорност и неспособност во секој случај ќе има висока цена за џебот на обичните граѓани, бидејќи веќе најавивте поскапување на струјата по 30 јуни“, рече Азири.






