вторник, 23 декември 2025

„Кога видов колку пари Сити му нуди на Халанд, се онесвестив!“

Објавено на

часот

Сподели

Клучни денови за иднината на Ерлинг Халанд, според пишувањата на Билд, клаузулата од 75 милиони евра треба да се активира до 1. април.

Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона се посочуваа како главни фаворити изминатиов период, но се чини дека „каталонците“ немаат шанси да го купат Норвежанецот и битката ќе се води помеѓу два клуба.

Советникот на Борусија Дортмунд, Матијас Замер вели дека се онесвестил кога видел колку пари му нуди Манчестер Сити на Ерлинг Халанд.

Тој синоќа беше дел од екипата која го следеше натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид на Амазон Прајм и рече: „Пеп Гвардиола и Ерлинг Халанд ќе имаат корист од меѓусебна соработка. Знам како работи Пеп, три години соработував со него, тој има одредени идеи“.

„Не знам дали е нешто договорено, не сум слушнал ништо. Знам само дека Сити сака да го ангажира и се онесвестив кога видов колку пари му нудат! Мислам дека е можно да се реализира една ваква зделка“.

Дејли Мејл денеска пренесе дека Манчестер Сити на Ерлинг Халанд му нуди неделна плата од 600.000 евра, или нешто над 30 милиони евра по сезона.

„Граѓаните“ исто така се подготвени да одвојат 120 милиони евра за реализирација на трансферот, 75 милиони евра се наменети за Борусија Дортмунд и активирање на откупната клаузула а останатите се провизија за Мино Рајола и таткото на фудбалерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ