Средбата имала запознавачки карактер, а во наредниот период, кандидатите ќе минат низ теоретска и практична обука во соработка со професионалните пожарникари од ТППЕ Кочани.
Паралелно со активностите за прием на нови членови, во друштвото е извршена и промена на командирското место на интервентната единица.
Досегашниот командир Дејан Минов од 1 јули е дел од редовниот состав на ТППЕ Кочани, а на негово место за нов командир е назначен Мирче Павлов. За заменици се избрани Горан Илиев и Даниел Јорданов.






