„Податоците кои се објавени практично ги побиваат самите пописни резултати на Државната пописна комисија. Во суштина , ова преставува и обид за административна асимилација на Египќаните и нивно исчезнување од мултиетничката карта на современото мултиетничко македонско општество. Аргументите се на наша страна, и токму затоа, поради сите утврдени факти, крајно нелогично и непринципиелно е да се прифатат ваквите поразителни пописни резултати за Египќаните во Македонија. Нашата борба ќе продолжи низ институциите на системот, а со цврст аргументи ќе бидат известени и Еуростат, ОБСЕ и амбасадите на највлијателните држави во Македонија со кои имаме соработка“, изјави лидерот на НГИ Коалицијата на Египќаните, Демир Далип.
Коалиција на Египќани: Со пописот се прави обид за наша административна асимилација

ТОП ВЕСТИ





