петок, 19 декември 2025

Клубот „Ванчо Михајлов“ е регистриран во судот во Битола, Министерството за правда не можело да даде одобрение за употреба на тоа име

Објавено на

часот

Сподели

Во одговорот на Министерството за правда на прашањата на МКД.мк се вели дека барањето за регистрација на клубот „Ванчо Михајлов“ било поднесено на 27 февруари 2019 година од лицето Љупчо Ѓорѓиевски. Тој побарал одобрение за употреба на името Иван Михајлов. „Министерството за правда во писмен допис од 15 март 2019 година го информира Ѓорѓиевски дека министерството не е во можност да издаде одобрение за употреба на името Иван Михајлов во име на здружението. Министерството се повикува на фактот што во називот на здружението културен центар ‘Иван Михајлов’, кое е во постапка на основање и регистрирање пред Централен регистар на Република Северна Македонија, содржано е името на историска личност, а имајќи предвид дека не постои регистар на историски личности или кој било друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност, поради што министерството не може да даде одобрение“.

Од Министерството за правда уште информираа дека клубот „Ванчо Михајлов“ е регистриран на 15 март 2019 година во Централниот регистар Битола.  За тоа дали при регистрацијата имало основа за забрана на регистрација на клуб со име на докажан соработник на Хитлеровиот нацистички режим, од Министерството за правда ни одговорија дека немале сознанија за тоа со оглед на тоа што министерството не е надлежно за регистрирање на клубот и дека тие не вршат регистрација, па поради тоа и нема основа да бара поништување.

Уставниот суд веќе забрани регистрација на здружение со името „Радко“, псевдонимот на Ванчо Михајлов.

А.Д.


ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ