Во пресрет на дуелот помеѓу Ливерпул и Брајтон, Јирген Клоп се појави пред новинарите и неизбежни беа прашањата за синоќешната одлука на властите во Велика Британија да го санкцинираат Роман Абрамович и да му го замрзнат целиот имот, потег со кој Челси се најде во сериозни проблеми.
„Се познаваме со Томас Тухел, но не сме толку блиски за да разговараме секој ден. Секако, жал ми е за него, фудбалерите и вработените во Челси бидејќи ситуацијата не е едноставна. Тие не се одговорни за оваа ситуација. Еден човек е одговорен и тоа е Владимир Путин. Не знам каква е улогата на Роман Абрамович, но сите знаат дека се блиски. Сметам дека властите донесоа исправна одлука. Но да, ова не е добро за Челси и неговите навивачи“ – вели тренерот на „црвените“.
Јирген Клоп потоа беше запрашан каква е ситуацијата со договорот на Мо Салах и како течат преговорите.
„Мо очекува овој клуб да биде амбициозен. Ние секогаш сме биле амбициозни и сме амбициозни во моментов. Клубот стори се што можеше. Ништо посебно не се случува, Мо ниту потпишал нов договор, ниту пак кажал дека нема да потпише. Ќе треба да почекаме и да видиме како ќе заврши селата ситуација“.






