Кјелини потврди дека негов последен меч за Италија ќе биде дуелот со Аргентина кој се игра во јуни на Вембли.
„Ќе му кажам збогум на националниот тим на Вембли, каде го достигнав врвот на мојата кариера освојувајќи го Европското првенство. Ќе им кажам збогум на азурите со убав спомен. Тоа сигурно ќе биде мојот последен меч за Италија“, потврди Кјелини.
Тоа ќе биде дуел меѓу шампионот на Јужна Америка и шампионот на Европа.






