недела, 15 март 2026

Кинески амбасадор: Проширувањето на НАТО е спротивно на нашето време и ја загрозува безбедноста

Објавено на

часот

Сподели

„Кина мисли дека сите засегнати страни треба да дозволат разумот да надвладее и да се стремат кон политичко решение воздржувајќи се од каква било постапка што може да ги зголеми тензиите и да ја влоши кризата“, рече кинескиот амбасадор во ОН Џанг Џан.

„Ништо не се случува без причина. Проширувањето на НАТО е неизбежно прашање додека во Украина владее напнатост. Континуираното проширување на Алијансата по Студената војна е спротивно на нашето време и зачувувањето на заедничката безбедност“, додаде кинескиот дипломат.

„Регионалната безбедност не може да се гарантира со проширување на воениот блок. Ова важи за Европа и другите делови од светот“, додаде Џанг Џан.

Без експлицитно спомнување на САД, дипломатот посочи дека во светот постои „земја која не сака да се откаже од начинот на размислување од Студената војна, која едно зборува, а друго работи за да постигне воена надмоќ“.

Ова е особено очигледно, рече тој, „во азиско-пацифичкиот регион, каде што се формираат мали трилатерални кругови кои сакаат да поттикнат конфликти“.

САД неодамна склучија договор со Австралија и Обединетото Кралство во тој регион.

„Така само се создава немир во азиско-пацифичкиот регион, што ја загрозува регионалната стабилност на штета на тамошните земји“, оцени кинескиот амбасадор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ