вторник, 31 март 2026

Кина вели дека има рекордни бројки и дека ова е најлошиот бран. Цели градови во карантин

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци објавени во вторникот, 3.602 нови случаи на коронавирус се пријавени во континентална Кина во изминатите 24 часа, додека според официјалните евиденции вчера имало 1.437 нови инфекции.

Од сите нови случаи, 3.507 се водат како лица заразени со локална трансмисија, додека таа бројка за претходниот ден изнесувала 1.338.

Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи, изнесува 1.768 во споредба со 906 еден ден претходно.

Нови инфекции се пријавени во 20 региони во земјата, а во континентална Кина провинцијата Џилин е најтешко погодена.

Нема пријавено ниту еден нов смртен случај, така што вкупниот број на починати што Кина го наведува сè уште изнесува 4.636.

Главниот град Пекинг и двата важни економски центри, Шангај и Шенжен, исто така, пријавија нови случаи на зараза.

И Шенжен и Чангчун, главниот град на провинцијата Џилин, моментално се во карантин, што исто така влијае на економијата.

Во Чангчун, автомобилската компанија Фолксваген во понеделникот морала привремено да ја прекине работата во три фабрики кои работат заедно со кинескиот партнер ФАВ.

Во Шенжен, добавувачот на Епл, Фокскон го запре производството во својот производствен погон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ