среда, 1 април 2026

Кина и Соломонските Острови потпишаа договор за безбедност, САД се загрижени

Објавено на

часот

Сподели

Островската држава во јужниот дел на Пацификот беше погодена од немири кон крајот на 2021 година предизвикани од незадоволството на дел од населението поради зголеменото влијание на Кина, при што продавниците во сопственост на Кинези биле запалени и вандализирани во главниот град на архипелагот Хониари.

На барање на владата, Кина е еден од регионалните актери кои распоредија мировни сили на Соломонските Острови. Пекинг, кој тогаш испрати свои полициски инструктори за борба против предизвикување немири, оттогаш се обидува да ја зајакне својата заштитна улога во архипелагот оддалечен 1.500 километри од Австралија.

Минатиот месец протече нацрт-договор што ја шокираше Австралија. Во него како можност се споменува распоредување на полициски и поморски сили во архипелагот. Канбера и Вашингтон веќе долго време споделуваат загриженост дека Кина би можела да изгради поморска база во јужниот Пацифик, проширувајќи ја својата воена поморска моќ надвор од своите граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ