Џенова си ги задржа шансите за опстанок откако вечерва славеше против Јувентус пред своите фанови.
„Старата дама“ поведе на стартот од второто полувреме, Пауло Дибала прекрасно погоди за 0-1. Но домаќините не се предадоа и преку Гудмунсон изедначија на 1-1 и најавија возбудлив финиш.
Длабоко во судиското надополнување, Кин промаши празен гол и шанса да донесе победа на Јувентус, а кратко потоа, Де Шиљо направи пенал, па Кришито од белата точка донесе огромна радост и триумф од 2-1 на Џенова.






