среда, 1 април 2026

Ким Џонг Ун ѝ подари луксузна куќа на својата омилена ТВ водителка (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во таа прилика, Џонг Ун ја замоли да продолжи да ѝ служи на земјата како глас на неговата Работничка партија.

„Џонг Ун рече дека не смее да се штеди за богатствата на земјата како што е таа која повеќе од 50 години, откако била девојче, делува како глас на револуцијата. Тој додаде дека очекува да продолжи енергично да ја врши својата работа во добро здравје како што доликува на партиските портпароли“, објави Централната корејска новинска агенција (КЦНА), пренесе АП.

Ким се сретна со Ри во средата во Пјонгјанг за време на свеченото отворање на новоизградената станбена област покрај реката. КЦНА наведува дека куќите во таа населба ќе им бидат распределени на истакнати државни службеници, како што е Ри.

Во петок е 110-тиот роденден на починатиот дедо на Ким и основач на државата, Ким Ил Сунг. Ова е најважната државна годишнина во Северна Кореја, со која сукцесивно владеат три генерации на семејството Ким од нејзиното основање во 1948 година. Новата станбена област е на местото каде до 1970-тите се наоѓала официјалната резиденција на Ким Ил Сунг.

„Со подарување куќи на оние кои верно му служат, Ким Џонг Ун сака дополнително да го зајакне нивниот привилегиран статус и внатрешно единство“, рече Мун Сеонг Мук, аналитичар во Корејскиот истражувачки институт за национална стратегија.

„Ри Чун Хи е добар пример бидејќи силно ги промовираше неговите нуклеарни и ракетни тестови и му служеше како еден вид портпарол“, додаде тој.

КЦНА наведе дека Ким заедно со Ри во средата ја прегледале нејзината нова куќа и ѝ помогнал при качувањето и спуштањето по скалите. Ри, која има околу 79 години, рече дека нејзината куќа личи на хотел и дека сите членови на нејзиното семејство „останаа цела ноќ будни и плачеа од длабока благодарност кон партијата“.

Ри се приклучила на државната телевизија во раните 1970-ти, кога со земјата управувал Ким Ил Сунг. За време на воената парада минатата година, кога гледала марш веднаш до Џонг Ун од возвишената веранда, ја ставила раката на неговото рамо и нешто му шепнала; што покажува колку се блиски.

Но, нејзиниот страстен и емотивен стил на водење емисии знаел да предизвика потсмев во други земји. Тајванската телевизија јавно се извини во 2011 година, откако еден од нејзините водители го имитирал нејзиниот тон кога ја објавила смртта на таткото на Ким, Ким Џонг Ил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ