недела, 29 март 2026

Киев ракетиран цела ноќ, се очекува жесток напад со тенкови (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руските сили би можеле да влезат во Ворзел и околните населби на периферијата на Киев, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малјар.

Украинските сили соборија руски авион над Киев, кој потоа падна врз станбена зграда и ја запали.

„Киев нема доживеано ништо слично на денешните напади од нацистичкиот напад во 1941 година“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој ги осуди „страшните руски ракетни напади врз Киев“.

„Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија“, напиша тој. „Украина го победи тоа зло и ќе го победи и ова. Запрете го Путин. Изолирајте ја Русија. Раскинете ги сите врски“, додаде тој.

И заменик-министерот за одбрана на Украина се согласи со оценката дека руските сили денеска би можеле да влезат во области недалеку од Киев.

Тој додаде дека единиците на украинската армија ги бранат позициите на четири боишта и покрај бројно супериорниот непријател.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=NQMfoVRg-F8 autoplay:0]

Украински воен претставник, исто така, рече дека украинските сили успеале да ги одбијат руските војници во близина на Чернихив.

Ова се совпаѓа со извештајот на украинското Министерство за одбрана, кое претходно соопшти дека воздушните трупи го кренале во воздух мостот на реката Тетерив на околу 50 километри северно од Киев, во обид да ги спречат руските трупи да напредуваат кон главниот град.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=F_3L0z1lgAE autoplay:0]

Дел од населението на Киев се крие од воздушни напади во засолништа и во метростаниците. Повеќето од нив ги имаат само најпотребните работи со себе, а спијат на столчиња и картони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ